Аронија
100g аронија содржи
шеќер: 6,2 - 8%
јаболкова киселина: 1,3%
пектин: 0,75%
танин: 0,35 - 0,6%
витамини: A, B1, B2, C, E и PP
калииум: 13,90mg/g
калциум: 1,30mg/g
манган: 1,0mg/g
железо: 0,05mg/g
манган: 0,07mg/g
бакар: 0,58mg/g
цинк: 0,15mg/g
хром: 0,02mg/g
селен: 3,63mg/g
бор: 4,80µg/g

Аронија

Аронијата е овошје со бобичеста форма кое наликува на боровница . Таа се смета за органска супер храна и лек. Плодовите на црната аронија се искличително богати со витамини . Од нив содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9, и многу реткиот витамин П . Содржи калциум, железо , калиум, молибден , фосфор и јод. Во плодовите содржи голема концетрација на антиоксиданси ( танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, , катехини, ) Се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна, во превенција против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот, од штетни материјали па и од тешки метали. Освен тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер, сорбитрол. Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените

Опис

Опрашувањето се врши со помош на пчели и ветар, а во есен листовите ги менуваат боите во црвени нијанси. Листовите на аронијата се едноставни и се распоредени наизменично. Цветовите се мали, се составени од 5 венчиња и 5 мали ливчиња. Плодовите се зрнести и не се јадат свежи бидејки се со горчлив вкус (освен црвеноплодната аронија). Често се користи за припремање на вино, мармалад, чаеви, сирупи, компоти и сл. исто така се користи како зачин во боја во пијалоците и јогуртот. Со плодовите на аронијата се хранат и птиците, така што нејзината семка се распростанува преку птичијот измет.

Аронијата како лек

Плодовите на аронијата се богати со витамините Ц, Е, Б2, Б6, бои антоциани, фолна киселина, кои што го оспоруваат стареењето, штитат од негативните ефекти на слободините радикали и на организмот му даваат енергија. За консумација се препорачува плодовите да бидат сушени или обработени за мармалад или домашен џем. Плодовите на аронијата се сместени на листата на најлековити природни плодови

адреса: АГРО МАКС ДООЕЛ Берово, ул. Маршал Тито бр.15 Берово Р. Македонија        e-mail: agromax.be@gmail.com