Во Берово фицијално отворање на “Агромакс“
Датум: 2015-01-10

Вчера во Берово беше пуштена во употрена новата фабрика за сушено овошје и зеленчук “Агромакс“.
На отварањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински кој упати пораки за успех и посака многу вакви и слични нови инвестиции во општината.
-Ме радува тоа што заврши времето на затворање на фабриките и ставање катанци на нивните врати. Сега еве имаме процес на отворање на нови производствени капацитети што ќе значи позитивен економски ефект за сите – потенцираше Наџински.
За сопственичката на “Агромакс“, Габриела Арсова Милошевска, ова е само почеток на една успешна приказна која во иднина ќе прерасне во сериозен производствен капацитет на здрава храна и зеленчук.
-Агромакс е фабрика која ќе значи многу за Берово и целата држава. Конзументите на здрава храна сега имаат квалитетна понуда на сушено овошје и зеленчук кое е без конзерванси, без вештачки бои и шеќери. Ќе продолжиме во иднина да инвестираме и да произведуваме сушена храна – истакна Милошевска.
Производствениот капацитет засега располага со сушара со капацитет на сушење од 1 тон слива за 24 часа, додека во периодот кој следува ќе биде изградена сушара со капацитет за сушење од 10 тони слива за 24 часа, со кој проект е аплицирано за средства од ИПАРД програмата и се очекува дека до крајот на годината за истиот ќе биде потпишан и договорот, со што наредната сезона фабриката ќе располага со проширен капацитет за сушење.
Покрај тоа, целиот сушен производ ќе биде конфекциониран и дистрибуиран за почеток на македонскиот пазар, а понатаму ќе биде разработена можноста и за извоз на странските пазари.
Во изминатите неколку месеци во кои фабриката работеше пробно, исушени се околу 12 тони сина слива, околу 3 тони син патлиџан и околу 2 тони праз.

адреса: АГРО МАКС ДООЕЛ Берово, ул. Маршал Тито бр.15 Берово Р. Македонија        e-mail: agromax.be@gmail.com