Праз во рернаПразот исчистете гo, исечете го на парчиња долги 2 см., сварете го во солена вода, а потоа исцедете го. Половината од празот ставете го во подмачкана тава, преку празот ставете го сирењето претходно издробено и на крајот малку црн пипер. Ова прекријте го со другата половина од празот. Направете потоа глатка смеса од јајцата, бpaшното и млекото и прелијте го со неа празот. Печете го во рерна додека се зарумени. Служете со лут ајвар и туршија. |
инфоВреме на подготовка од: 20 мин.Време на подготовка до: 30 мин. Број на лица: 2 Kомплицираност: 2 состав800 гр. праз200 гр. овчо сирење 20 гр. масло 2 јајца 40 гр. брашно црн пипер 1/4 литар млеко сол |